Ekipa
06 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Полицискиот оддел во Њујорк тврди дека нема никакви докази за вандализам на еврејските гробишта, каде што се превртени 42 надгробни споменици, јавува Anadolu Agency (AA).
Њујоршката полиција по консултациите со управата на гробиштата „Вашингтон“ во Бруклин, соопшти дека е утврдено оти надгробните плочи, меѓу другото, паднале поради долгорочното неодржување на гробиштата и од ерозијата на почвата.
Од почетокот на годината, на еврејските гробишта имаше неколку акти на вандализам во серија антисемитски напади. Еврејската заедница доби 122 закани за напад со бомба.
Американските власти во петокот го уапсија Хуан Томсон, поранешен новинар, обвинет за најмалку осум закани упатени кон еврејските институции.