Handan Kazancı
07 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
САКАРЈА (АА) - Според информациите од канцеларијата на главниот обвинител, лицето кое е осомничено дека е член на терористичката организација ФЕТО и носело лажна значка на ФБИ било уапсено вчера, во северозападната турска покраина Сакарја, како дел од истрагата за обидот за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Распитот на Фатих Акчај продолжува во Директоратот на полицијата во Сакарја. Властите се обидуваат да дознаат како осомниченото лице се здобило со лажната картичка на ФБИ.
Според изворот кој зборуваше под услов на анонимност, Акчај живее во Белгија и работи како учител на колеџот Луцерн.
Од профилите на социјалните медиуми на осомничениот, исто така, откриени се и негови фотографии со Ѓулен, кој е обвинет од страна на турската Влада за организирање на обидот за државен удар во кој загинаа 241 лице, а повредени беа 2.200 лица.