Mintaha Neslihan Eroğlu
12 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Планетарно познатата социјална мрежа Фејсбук започна новинарски проект, а негова цел е да се оневозможи објавувањето неточни вести на платформата, и да се зајакне соработката со медиумскиот сектор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фејсбук беше критикуван поради неточните вести објавени за време на претседателските избори во САД, ноември минатата година.
Директорот на производи на Фејсбук, Фиџи Симо изјави дека сериозно работат со вестите кои се објавуваат на социјалната мрежа, и додаде дека задача на Фејсбук е да се обезбеди здрав простор за спподелување на вестите и информациите.
„Денес претставуваме една нова програма, а целта е да ги зајакнеме врските меѓу Фејсбук и новинарскиот сектор. Во наредниот период ќе работиме со претставниците на медиумите и ќе разгледаме што може да се стори во оваа дигитална ера на корисниците да им понудиме точни информации“, изјави Симо.
Тој нагласи дека Фејсбук во наредниот период ќе работи и на развивање на опциите за фотографиите и видеоснимките на 360 степени, преносот во живо, и опцијата „инстант напис“, кој овозможува брз пристап до содржините.