Dildar Baykan
28 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
ЊУЈОРК (AA) - Социјалната мрежа Фејсбук (Facebook) соопшти дека ќе спречи содржини со кои се искажува бел национализам и дискриминација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Фејсбук се наведува дека ќе ги спречи сите пораки, фотографии и други содржини кои се споделуваат преку оваа социјална мрежа, а кои се однесуваат на белиот национализам, супермација и дискриминација.
Се наведува дека оваа одлука исто така ќе ја примени и на Инстаграм.
Споменатата одлука ќе почне да се применува од наредната седмица.
Потсетуваме, во терористичкиот напад изведен на 15 март во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, Нов Зеланд, загинаа 50 лица.
Видеоснимката во траење од 17 минути која терористот ја снимаше објавувана е без проблем на социјалната мрежа, а дури подоцна е отстранета.
Фејсбук претходно бил цел на критики поради нереагирање на пораките и содржините кои ги објавуваат белите националисти (белите расисти).