Michael Hernandez
28 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации ја отфрли американската одлука за признавање на израелскиот суверенитет над окупираните подрачја на сириската Голанска Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот, на 25 март, потпиша унитерална одлука за признавање на израелската контрола над Голанската Висорамнина, која Израел ја окупираше во 1967 година, а официјално ја анектираше во 1981 година.
На барање на Сирија синоќа е одржана вонредна седница на Советот за безбедност на ОН на која сите членки, освен САД, остро го осудија и го отрфлија тоа што го стори Трамп.
Претставници на 14 членки на Советот за безбедност се согласни дека таквите американски чекори ја загрозуваат безбедноста на регионот, но и меѓународниот поредок.
„На пропаст се осудени сите унитерални одлуки кои се во спротивност на резолициите на Обединетите нации“, рече амбасадорката на Франција во ОН и претседавачот со Советот за безбедност, Ен Гижиен.
„Унитералните одлуки на САД, без разлика на причината поради кои се донесени, не можат да ги сменат постоечките меѓународни правни норми“, рече претставникот на руската делегација, Владимир Сафронков.
Израел окупираше две третини од сириската Голанска Висорамнина за време на шестдневната војна во 1967 година, а анексијата на тој регион ја прогласи во 1981 година. Според меѓународното прао, Голанската Висорамнина има статус на територија окупирана во конфликт.
Сирискиот амбасадор Башар Џафери изјави дека Голанската Висорамнина е територија која ѝ припаѓа и која со сигурност ќе се врати во границите на Сирија.