Ekipa
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Властите во Франција почнаа да ги уништуваат патките наменети за производство на фуа-гра (закуска од црн дроб), еден од најпознатите специјалитети на француската кујна, во обид да се стави под контрола опасниот облик на птичји грип, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денес започна акцијата за уништување на птиците во три региони на југозападниот дел на Франција, познат по производството на специјалитети од гуски и патки, каде што епидемијата предизвикана со вирусот Х5Н8 не е стабилизирана.
Вирусот не се пренесува преку храна и е безопасен за луѓето.
Се очекува операцијата за уништување да трае до 20 јануари, а би можело да бидат заклани околу милион патки.
Од декември минатата година, во Франција се пријавени 89 случаи на птичји грип, од кои поголемиот дел во југозападниот дел на земјата.
Министерството за земјоделство соопшти дека брзото ширење на вирусот го оправдува колењето на патките, а фармерите ќе добијат компензација за оваа загуба.