Ayşe Dogru
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ЗАМБОАНГА (АА) - Исламскиот ослободителен фронт на Моро и Националниот ослободителен фронт на Моро, групи кои дејствуваат во јужниот дел на Филипините, се здружија против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на двете групи наведено е дека заеднички ќе дејствуваат против ДЕАШ и против терористичките елементи поврзани со него во регионот на Минданао, а во врска со тоа е потпишан и договор.
„Формираниот сојуз ќе им оневозможи на милитантите да се инфилтрираат во народот Бангсаморо во регионите Јужен Котабато, Сарангани и Султан Кударат“, се наведува во соопштението.
Мухакер Икбал, претставникот на Исламскиот ослободителен фронт на Моро, изјави дека групите заеднички ќе извршуваат операции и ќе споделуваат разузнавачки информации бидејќи не можат да им дозволат на групите поврзани со ДЕАШ да го нарушат мировниот процес со властите на Филипините.
Дату Муслимин Сема Datu пред Националниот ослободителен фронт на Моро потсети дека по повод сојузот на двете групи формиран е и Заеднички совет за координација Биванг Бангсаморо со цел, како што рече, воспоставување безбедност на народот од елементите кои би можеле да извршуваат терористички напади.
Исламскиот ослободителен фронт на Моро, една од бунтовничките групи од јужниот дел на Филипините, потпиша мировен договор со филипинските власти во 2014 година. На претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, на 17 јули оваа година му испратија предлог-закон со кој би се овозможила автономија на регионот на Минданао и околните острови, каде што во поголем дел живее муслиманско население.