Amina Zorniç
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
ЛАХОР (АА) - Пакистанските власти во регионот Пенџаб, уапси 5221 осомничени милитанти по ужасниот бомбашки напад во Лахор во кој загинаа 70, а беа повредени повеќе од 300 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот во недела, 27-ти март го изврши засега непознато лице со активирање на елек-бомба во паркот Гулшан-е-Икбал на главниот град на Пенџаб, Лахор. Одговорноста за нападот ја презеде Џамаат-ул-Aхрар, група поврзана со пакистанските талибанци, истакнувајќи дека целта на нападот е прославата на Велигден, кој се празнуваше во неделата.
Министерот за правда, изјави дека, поради истрагата за нападот, во неделата се испрашала 5221 лица, а 216 се задржи на подолго испрашување.
Според него, во последните 24 часа, пакистанската извршила 56 разузнавачки операции додека единицата за борба против тероризмот извршила 16 рации. Во Пакистан е прогласено тридневна жалост.