Alaattin Doğru
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
ПАРИЗ (АА) - Пет лица се повредени од проерменските демонстранти, кои го блокираа Автопатот А7 и нападнаа Турци што одеа на работа во градот Изер, на југоистокот од Франција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата на очевидците дадена за АА, 300 до 400 ерменски демонстранти го блокирале Автопатот А7 од двата правци.
Во утринските часови, започнал сообраќаен метеж на патниот правец што води кон градовите Лион и Марсеј.
Тензијата кај тие што останаа во сообраќајниот метеж растеше. Проерменските демонстранти пак, нападнаа група турски граѓани кои реагираа до нив да ги отворат патиштата за да можат да одат на работа.
Демонстрантите предизвикаа повреди на 4 лица со турско потекло, од кои еден е потешко повреден. Тешко повреденото лице е хоспитализирано.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како групата демонстранти што го носат знамето на Ерменија на својот грб, со стапови во рацете тепаат две лица.
Жандармеријата, исто така, соопшти дека едно лице е повредено во инцидентот.
Откако демонстрантите го напуштија Автопатот, сообраќајот беше пуштен.