Alma Çekovic
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Неколку стотини бегалци сместени во импровизиран камп во градот Калаис, Франција, познат како "џунгла", од безбедносни причини почнаа да ги напуштаат шаторите во кои до скоро живееа во услови далеку од нормалните, јавува Anadolu Agency (AA).
Француската полиција ги советуваше бегалците до понеделник да се иселат од шаторите поставени во кампот, кои не пружаат адекватно засолниште за оние кои биле приморани да ги напуштат своите домови, кои се сопрени на патот кон Велика Британија.
Понудено им е сместување во новата населба каде се поставени контејнери кои би требало да им ги олеснат овие зимски денови.
Некои бегалци им помагаат на волонтерите во отстранувањето на импровизираните шатори од кеси, вреќи, церади, а некои сè уште се во потрага по било каков вид огрев.
Владата на Франција планира во поставените контејнери, опремени со струја и греење, да смести 1.500 луѓе што е многу малку во однос на 4.000 колку што се проценува дека ги има во Калаис.