Yusuf Özcan
12 Септември 2019•Ажурирај: 13 Септември 2019
ПАРИЗ (AA) - Муслиманка со хиџаб е избодена со нож пред нејзиниот сопруг и децата во градот Сири-ле-Комтал на југот на Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пишува весникот „Ле Парисиен“ (Le Parisien), овој инцидент, кој предизвикал големо внимание кај тамошната јавност, се случил синоќа.
Се наведува дека жената е избодена пред сопругот и децата од 3 до 12 години.
Жената е тешко повредена и итно префрлена во болница каде што е задржана.
Локалните медиуми наведуваат дека 59-годишниот напаѓач во тој момент бил под влијание на алкохол, а по инцидентот веднаш е приведен.