Alaattin Doğru
16 Октомври 2022•Ажурирано: 18 Октомври 2022
ПАРИЗ (АА) - Уапсени се двајца полицајци кои пукале и убиле возач поради непочитување на предупредување во Париз, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата сакала да запре возило што им било сомнително во текот на безбедносна проверка во главниот град во петокот вечер. Во возилото имало двајца сопатници и возач.
Полицијата пукала откако возачот не го испочитувал предупредувањето. Возачот починал, а двајцата патници избегале и исчезнале.
Полицајците се приведени. Отворени се две одделни истраги.
Дванаесет возачи загинаа од јануари од отворен полициски оган во Франција затоа што не се придржувале до предупредувањата за запирање.