Ekipa
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Француската влада ја претстави апликацијата за тревога, наменета за предупредување на корисниците на паметни телефони во случај на бомбашки напади, пукотници или други катастрофи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Апликацијата развиена по минатогодишните смртоносни напади во Париз, е претставена денес во пресрет на Европското првенство во фудбалот кое почнува од 10-ти јуни.
Достапна на англиски и француски јазик, апликацијата им овозможува на паметните телефони да пратат итно предупредување доколку во близина се случи напад.
Официјалните лица кои ја претставија апликацијата го прикажаа екранот на телефонот на кој, по објавата на предупредувањето, се појавува виолетова боја со збор „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ” и краток опис на ситуацијата, како и совети како да се реагира.
Со апликацијата на почеток може да се предупреди само за вооружени и бомбашки напади, но, како што е најавено, апликацијата ќе биде ажурирана со цел да можат да се пријават и сообраќајни несреќи, поплави и други вонредни состојби.