Yusuf Özcan
16 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот суд привремено ја затвори џамијата во центарот на Марсеј, а како причина на таквиот чин е наведено дека верскиот службеник ги поттикнувал луѓето на радикализам и насилство, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Марсеј го прифати барањето на гувернерот на тој јужен француски регион Пиера Дартута и нареди шестмесечно затворање на џамијата Ес Суна.
Адвокатот на Здружението Ес Суна кој се грижи за истоимената џамија Филипе Перолиер изјави за локалните медиуми дека е изненаден со одлуката на судот бидејќи е донесена врз основа на наводно спорни пораки упатени на верниците за време на џума-намаз во 2013 година.
По низа терористичките напади во Франција во средината на ноември е прогласена вонредна состојба која е завршена на почетокот од ноември оваа година
Во тој период ширум Франција се затворени вкупно 19 џамии, а објектите на другите верски заедници не се соочија со такви мерки.