Safiye Karabacak
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
МАГРИБ (АА) - Повеќе од 70 милитанти се убиени од почетокот на декември до денес во западниот дел на Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
До судири дојде меѓу владините сили и јеменското бунтовничко движење на Хусите. Од канцеларијата за односи со јавноста на јеменската војска е соопштено дека во болниците во градот Хаџе биле донесени тела на повеќе од 70 Хуси.
Тие додадоа дека бројот на мртвите би можел да се зголеми.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех е убиен во Сана, потврдено е во текот на овој месец од неговата партија Општ народен конгрес. Официјално лице на партијата вели дека Хусите го запреле неговиот конвој и го усмртиле во близина на Сана.