Ali Murat Alhas
16 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
ПАРИЗ (АА) - Француските сили распоредени во Мали го неутрализираа Аднан Абу Валид ал Сахрави, водачот на терористичката организација ДЕАШ во африканскиот регион Сахел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веста утринава ја сподели францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека борбата на Франција против тероризмот ќе продолжи со нејзините африкански, европски и американски партнери.
„Аднан Абу Валид ал Сахрави, водач на терористичката организација ДЕАШ во Голема Сахара, е неутрализиран од француските сили. Ова е уште еден голем успех во нашата борба против терористичките групи во Сахел“, напиша Макрон на Твитер.