Ekipa
11 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
ТРИПОЛИ (АА) - Француските специјални сили за поддршка на операциите предводени од страна на силите лојални на Халифа Хафтар, оваа недела ќе се повлечат од источниот либиски град Бенгази, соопштија воени и безбедносни извори за Anadolu Agency (АА).
Изворите, кои не можат да се именуваат поради загриженост за безбедноста, вчера за АА изјавија дека забележале намалување на бројот на француски беспилотни летала.
Тие веруваат дека силите можеби се преселиле во воздухопловната база на САД во близина на Малта, пред три дена, но не е исклучено и нивно враќање.
Изворите не можеа да објаснат зошто француските војници се повлекле, но тоа се случило откако Мухамед Амари, од Владата на национално единство, поддржана од ОН во Триполи, во соопштение за медиумите изјави дека Французите ветиле оти ќе ги прекинат своите операции во Бенгази откако Триполи се пожали поради „грубото мешање” на францускиот амбасадор.
Претходно овој месец, Франција потврди дека тројца од нејзините војници загинале при пад на нивниот хеликоптер источно од Бенгази во текот на разузнавачки операции, принудувајќи ја Франција да го преиспита присуството на своите трупи во Либија.
Мухамед ал-Гасри, портпаролот за операции против ДАЕШ за АА изјави дека вчера, борбен владин авион се урнал за време на воздушни напади врз местата под контрола на ДАЕШ во градот Сирт.
„Досега немаме контакт со екипажот на хеликоптерот и не можеме да утврдиме дали причината за падот е од технички аспект или е срушен од страна на ДАЕШ”.
Во мај, силите лојални на либиската Влада на национално единство ја започнаа операцијата на Ал Бунјан ал-Maрсус, со цел повторно преземање на Сирт од ДАЕШ, кој претходно, во 2015 година, го беше заземала градот.
Либија се наоѓа во немири уште од 2011 година, кога крвавото востание заврши со соборувањето и смртта на долгогодишниот лидер Моамер Гадафи.