Ekipa
10 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
БЕРЛИН
Удар на гром во јужна Германија повреди 15 фудбалери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поради невреме и удари од гром илјадници луѓе морале порано да напуштат концерт. Локалните медиуми наведуваат дека денеска, 10 август, гром погодил фудбалски терен на подрачјето Розенфелд - Хајлигенцимерн, каде што играчите тренирале. Во прашање се полесни повреди, но фудбалерите се пренесени во болница на преглед.
Во Баварија полицијата од илјадници обожаватели побара да го напуштат концертот на отворено во Ротенбург, а ветровите го урнале циркускиот шатор во Некарсулм.