Safiye Karabacak
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
ГАЗА (АА) - Палестинското движење Хамас соопшти дека сеопфатниот народен отпор е единствениот пат кон поразување на Израел и кон враќање на териториите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Хамас, Хазим Касим, објави писмено соопштение по повод 20-годишнината од повлекувањето на Израел од јужниот дел на Либан.
„Повлекувањето на Израел од јужниот дел на Либан беше реализирано со жртвувањата и отпорот на народот. Патот на ослободувањето е поставен со крвта на шехидите и ветераните, како и со болката на затворениците“, рече Касим.
Тој истакна дека повлекувањето на Израел од јужниот дел на Либан пред 20 години е отворен индикатор на тоа дека ционистичките проекти може да се поразат, укажувајќи на важноста за обединување на напорите од силите на отпорот.
„Повлекувањето на Израел од јужниот дел на Либан пред 20 години, од Синај во 1982 година и од Газа во 2005 година е доказ за тоа дека враќањето на териториите од окупаторите може да се реализира само преку сеопфатен отпор поддржан од народот. Отпорот е единствениот пат за поразување на Израел и за враќање на териториите“, додаде Касим.
Инаку, израелската Војска на 25 мај 2000 година се повлече од Либан, кој го окупираше во 1978 година.