Sümeyye Özer
11 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
МУСКАТ
По смртта на султанот Кабус бин Саид, Хетам бин Тарик ал Саид стана новиот султан на Оман, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на оманската државна телевизија, Советот за национална безбедност при уманскиот Султанат и султанското семејство, по смртта на султанот Кабус одржаа состанок за потврдување на новиот султан, на кој го отворија писмото во кое се наоѓа името на новиот султан предложен од страна на починатиот султан Кабус.
Според тестаментот на султанот Кабус, султанското семејство за нов султан на Оман го назначи Хетам бин Тарик ал Саид, кој положи заклетва и почна со извршувањето на новата функција.
Бин Тарик (66), братучед на починатиот султан Кабус, од 2002 година досега ја вршеше функцијата министер за национално наследство и култура. Бин Тарик исто така ја вршеше и функцијата специјален претставник на султанот Кабус.
Оманскиот султан Кабус бин Саид почина на 79-годишна возраст, а по повод неговата смрт, во земјата е прогласена тридневна жалост.