Anees Suheil Barghouti
26 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес оствари ненадејна официјална посета на земјата на Заливот, Оман, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нетанјаху заедно со неговата сопруга го посети Оман, каде што се состана со оманскиот султан Кабус бин Саид“, пишува во соопштението издадено од Кабинетот на Нетанјаху.
Во соопштението, исто така, се вели дека оваа посета е прва од страна на висок официјален претставник од 1996 година, реализирана со покана од султанот на земјата.
Посетата претставува значаен чекор кон имплементирањето на наведената политика на Нетанјаху за зајакнување на економските и другите врски со „умерените“ арапски земји.
Според заедничкото соопштение издадено по состанокот, двајцата лидери дискутирале за начинот на унапредување на мировниот процес на Блискиот Исток и за неколку прашања од заеднички интерес.