Vesna Besiç
28 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ЏАКАРТА (АА) - По повод празникот Нјепи, или Денот на тишината, кој е посветен на пост, медитација и тишина, граѓаните на Индонезија денес не излегуваат од своите домови и на секое место владее мир и тишина, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезијците веруваат дека на овој ден се ослободуваат од лошите мисли и чувства. Дури и оние што не се следбеници на хиндуизмот треба да го почитуваат правилото да не излегуваат на улица. Исто така, покрај тоа што 24 часа не излегуваат од куќата, Индонезијците не ги вклучуваат светилките, не работат, не се забавуваат и не зборуваат.
Хиндуистите ветуваат дека тој ден ѓаволот се симнува на земјата, така што 24 часа не излегуваат од домовите и не работат речиси ништо.
Тие на Денот на тишината постат, не користат телефони, компјутери ниту каков било друг вид на технологија. Целта на сето тоа е да ги уверат лошите духови кои се симнале на земјата дека никој не живее на островот и дека тука нема ниедна душа. Нјепи за хиндуистите е истовремено и ден за одмор.
Индонезија е земја со 250 милиони жители, од кои 1,7 отсто живеат на островот Бали. Дури 83,5 отсто од четири милиони жители на островот се хиндуисти.