Abdullah Aşıran
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
РОТЕРДАМ (АА) - Вооружен напаѓач во холандскиот град Зволе застрелал две лица со турско потекло додека биле во ресторан, и потоа избегал од местото на настанот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Блиските на жртвите нагласија дека загинатите лица се H. T. кој е сопственик на портал за вести на турски јазик, и неговиот брат A. T.
Според соопштението на холандската полиција, напаѓачот влегол и отворил оган во ресторан на „Мекдоналдс“ во градот Зволе.
Се соопштува дека во нападот животот го загубиле две лица.
Според вестите на локалните медиуми, врз основа на изјава на очевидец, напаѓачот, штом влегол во ресторанот, отворил оган врз овие две лица, а останатите гости во паника излегле надвор.
Полицијата започна операција за фаќање на напаѓачот.