Emre Aytekin
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
ПЕКИНГ (АА) - Даи Бинг, заменикот на постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации (ОН), во својот говор пред Советот за безбедност истакна дека зголемувањето на санкциите кон Русија и проширувањето на нивниот опсег негативно ќе влијае врз земјите во развој, известува Агенција Анадолија (АА).
Даи рече дека од зголемената доза и обем на санкциите кон Русија ќе бидат погодени меѓународните пазари за храна и енергија.
Тој изјави дека санкциите ќе влијаат и на животите на многу обични луѓе, предизвикувајќи нови хуманитарни проблеми.
Истакнувајќи дека санкциите и економската блокада ќе предизвикаат вештачки недостиг на храна и флуктуација на цените, Даи рече дека сето тоа ќе создаде ставање непотребен товар врз плеќите на земјите во развој.
„Повеќето земји во развој не зазедоа страна во овој конфликт. Овие земји не треба ниту да бидат вовлечени во него ниту да бидат принудени да ги трпат последиците од геополитичките конфликти и игри на големите сили“, рече Даи.
Потенцирајќи дека продолжувањето на конфликтот никому не му е од корист, Даи им предложи на САД, НАТО и ЕУ да разговараат со Русија.
Според него, групната конфронтација и потрагата по апсолутна безбедност ќе биде најнесигурниот пристап.
Кина го искористи правото на глас да биде „воздржана“ за резолуциите на Генералното собрание на ОН со кои се осудува рускиот воен напад врз Украина и Русија се смета како одговорна за хуманитарната криза во Украина.