Hasan Esen,Ayşe Sarıoğlu
12 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
РОТЕРДАМ (AA) - Холандската полиција употреби сила за да ги растера демонстрантите, Турци кои живеат во Холандија, од местото на кое е задржано возилото на министерката за труд и социјална политика на Турција Фатма Бетул Сајан Каја, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата употреби пендреци за да ги растера демонстрантите. На местото на настанот беа присутни единиците на холандската полиција на коњи.
И покрај нивната интервенција некои граѓани паѓаа на земја. Демонстрантите се одалечија од возилото на министерката, но и понатаму останаа на улиците извикувајќи пароли на поддршка за министерката Каја.