Ekip
31 Август 2019•Ажурирај: 31 Август 2019
ХОНГКОНГ (AA) - Голема маса демонстранти се собраа и маршираа низ центарот на Хонгконг, а полицијата распореди сили и е спремна за можни судири во близина на главниот Кабинет на Владата на Кина, но и во останатите делови на градот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите во црни маици зазедоа делови од главните улици и раскрсници додека се собираа, а потоа тргнаа да маршираат.
Властите претходно го отфрлија барањето за одржување марш кон Кабинетот на Владата на Кина, по повод одбележувањето на петтата годишнина од одлуката на кинеската владејачка Комунистичка партија насочена против потполно демократските избори во Хонгконг.
Полицијата подигна барикади, извади два камиони со водени топови и ги распореди на локациите, во очекување на неодобрените демонстрации.