Bedrudin Brljavac
06 Април 2024•Ажурирај: 08 Април 2024
ГАЗА (АА) - Палестинците во Појасот Газа сѐ повеќе се соочуваат со недостатокот на храна поради израелските напади и опсадата над палестинската енклава, известува Анадолу.
Жителите на Газа секој ден со кантички и чинии во рацете со часови чекаат во долги редици за да добијат оброк кој живот значи. Меѓу луѓето во редиците се наоѓаат и голем број деца кои се обидуваат да дојдат до храна за да можат да преживеат во тешките воени услови.
Околу 2,3 милиони Палестинци се борат со глад во Појасот Газа кој е цел на израелски напади од 7 октомври. Израел намерно предизвикува глад во регионот не дозволувајќи влез на хуманитарната помош.
Жителите на Газа дури се обидуваат да преживеат на тој начин што понекогаш прават леб од сточна храна, бидејќи не можат да пронајдат брашно.
Во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени 33.037 Палестинци, од кои најмалку 14.500 се деца и 9.560 се жени, а 75.668 се ранети.