Ata Ufuk Şeker
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Министрите за енергетика на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) поставија заедничка цел за потрошувачката на енергија да достигне до 27 отсто до 2030 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Министрите за енергетика за 28 земји членки на ЕУ се состанаа на состанокот на „Советот за транспорт, телекомуникација и енергетика“ кој се одржа во белгискиот главен град Брисел. Советот на ЕУ соопшти дека по состанокот кој траеше 15 часа, утврдиле заеднички став во врска со преговорите кои ќе се одржат со Европскиот Парламент (ЕП) околу различни регулативи за енергетика.
Според тоа, делот на обновливата енергија во вкупната потрошувачка на енергија до 2030 година ќе биде најмалку 27 отсто, додека целта на обновливата енергија во секторот на транспорт е 14 отсто. Се планира 3 отсто од возилата да корситат биогорива кои се добиваат од растителните извори.
ЕП во ноември упати апел за целта за обновлива енергија на ЕУ да достигне до 35 отсто до 2030 година.
Советот на ЕУ и ЕП наредната година ќе одржат преговори за регулативи. Во случај да се постигне консензус во овие преговори, регулативите ќе бидат официјално изгласани.