Чавушоглу за изјавата на Бајден за настаните од 1915 година: „Во потполност ја отфрламе оваа популистичка изјава"
„Изразите не ја менуваат историјата", порача министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу
Ogün Duru
24 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер упати реакција на терминот „наводен геноцид" кој американскиот претседател Џо Бајден го користеше за случувањата од 1915 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Изразите не ја менуваат историјата, нту можат повторно да ја пишуваат. Никој нема да не учи за нашата историја. Политичкиот опортунизам е најголемото предавство против мирот и правдата. Во потполност ја отфрламе оваа популиситчка изјава", напиша Чавушоглу.
Чавушоглу за изјавата на Бајден за настаните од 1915 година: „Во потполност ја отфрламе оваа популистичка изјава"