Gökhan Varan
24 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека Турција изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден за настаните од 1915 година во потполност ги отфрла и најостро ги осудува, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Изјавата на претседателот на САД за настаните од 1915 година во потполност ја отфрламе и најостро ја осудуваме", порачаа од Министерството за надворешни работи на Турција.
Министерствто за надворешни работи на Турција изјавата на Бајден ја оцени за ништовна.
„Изјавата на претседателот на САД кој за настаните од минатото не е ниту правно ниту морално овластен да зборува е ништовна, безвредна", истакнато е во соопштението.