Ömer Faruk Yıldız
17 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
ЏАКАРТА
Во земјотресот со интензитет од 7,3 степени, што пред три дена го потресе Северно Малуку, Индонезија, животот го загубија шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Националната агенција за природни катастрофи е потврдено дека од под урнатините се извлечени телата на шест лица.
Во тек се акциите за барање и спасување. На лицата, што во земјотресот останале без покрив над глава, им е пружена помош.
Во земјотресот со јачина од 7,5 степени и цунамито што на 28 септември, 2018 година, ја погодија Индонезија загинаа 4.340 лица.