Büşra Nur Çakmak
15 Септември 2022•Ажурирај: 16 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на НАТО и челникот на Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ) разговараа за енергетската безбедност, пренесува Агенција АНадолија (АА).
„Добра дискусија за енергетската безбедност и руското манипулирање со енергетските пазари со Фатих Бирол од МАЕ“, напиша Јенс Столтенберг на Твитер.
„Сојузниците и партнерите на НАТО работат заедно за да ја прекинат зависноста од руската енергија; го поздравуваме нашето силно партнерство со МАЕ“, додаде тој.
Подготвувајќи се за можното сценарио Москва целосно да го прекине снабдувањето со гас како одмазда за санкциите од Западот поради војната против Украина, владите креираат мерки за да го зауздаат покачувањето на сметките и да им пружат одредена помош на вознемирените граѓани.