свет

Четворица Палестинци, од кои три деца, се убиени во израелски напад врз Ал-Маваси во Газа

Израелската Армија бомбардираше шатор во кој раселените Палестинци се засолнувале во близина на објект на „Лекари без граници“ во подрачјето на Ал-Маваси

Nour Mahd Ali Abuaisha, Safiye Karabacak  | 16.08.2024 - Обновена : 17.08.2024
Четворица Палестинци, од кои три деца, се убиени во израелски напад врз Ал-Маваси во Газа

ГАЗА (АА) - Најмалку четворица Палестинци, меѓу кои три деца, се убиени во напад на израелската Армија врз шаторите на раселените Палестинци во регионот Ал-Маваси, кој се наоѓа западно од градот Кан Јунис во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според здравствени извори, израелската Армија бомбардираше шатор во кој раселените Палестинци се засолнувале во близина на објект на „Лекари без граници“ во подрачјето на Ал-Маваси.

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) соопшти дека стравот повторно се проширил меѓу семејствата бидејќи немаат каде да одат во Појасот Газа, кој е под израелски напади.

УНРВА реагираше на најавата на израелската Армија во врска со евакуацијата на некои делови од Ал-Маваси, за кои претходно тврдеше дека се „хуманитарна зона“ во Газа.

Во соопштението се наведува дека Палестинците во Газа се заглавени во „бескраен кошмар со смрт и уништување од неверојатни размери“.

Израелската Армија денес издаде нови наредби за евакуација на жителите на неколку области на централниот и јужниот дел на Појасот Газа кои Армијата ги класифицираше како „хуманитарни безбедни зони“.

Армијата им нареди на жителите на населбите северно од Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и на населбите во источниот дел на Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа да ги евакуираат областите.

Се тврди дека во овие области дејствува палестинската група на отпорот Хамас и дека тие ќе бидат „опасни борбени зони“.

Израелските сили продолжуваат секојдневно да го бомбардираат Појасот Газа, каде живеат околу 2,3 милиони Палестинци.

Повеќе од 40.000 Палестинци се убиени во Газа од 7 октомври, повеќето жени и деца, а над 92.000 се повредени, според локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın