Mustafa Melih Ahıshalı
06 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Абас Ахунди, член на Комитетот за наука при Универзитетот „Техеран“ и поранешен министер за урбанизам во Иран, изјави дека во иранските градови живеат 19 милиони сиромашни лица, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата на тема „Урбана трансформација и менаџмент“ која се одржа во главниот град Техеран, свое обраќање имаше Ахунди, кој го изнесе следниот податок: „Во градовите живеат 19 милиони лица на ниво на сиромаштија. Оваа бројка одговара на една четвртина од популацијата во Иран.“
Според Иранската официјална агенција ИРНА (IRNA), Ахунди истакнал дека е потребно градовите да се гледаат од социолошки аспект, додавајќи дека урбаната трансформација во градовите ќе придонесе за нивен економски и социјален развој.
Покрај тоа, Ахунди во своето обраќање додаде дека претседателот Хасан Рохани цели кон обновување на проектот на Владата за урбана трансформација на 2.700 места во земјата, во рок од 10 години.