Aşkın Kıyağan
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
ПРАГА
Единаесет лица го загубија својот живот во пожарот кој избувна во една зграда во градот Бохумин кој се наоѓа во чешката област Северна Моравија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот на чешката област Моравија, Иво Вондрак, во изјава за медиумите истакна дека избувна пожар на 11 кат на повеќекатна зграда во градот Бохумин, нагласувајќи дека е можно пожарот да бил подметнат.
Според полицијата во оваа област, можно е дека пожарот настанал како резултат на тензија меѓу соседите, додека едно сомнително лице е приведено.
Полицијата соопшти дека во во пожарот загинале 11 лица, од кои 3 деца и 3 возрасни загинале на 11 кат каде избувна пожарот, додека 5 лица загинале откако скокнале од 12 спрат за да се спасат од пожарот.
Од друга страна, во пожарот се повредени двајца пожарникари, а започната е истрага околу овој случај.
Чешките медиуми велат дека овој пожар кој одзеде 11 животи е најголемиот пожар кој избувнал во последните 30 години во земјата.