Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
22 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
ВАРШАВА (АА) - Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, соопшти дека Полска ќе купи беспилотни летала од Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што објави Националната новинска агенција на Полска (ПАП), министерот Блашчак соопштил дека земјата ќе купи од Турција 24 беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“.
„Ова е вистинско оружје што е докажано во Источна Европа, во борби. Исто така, користено е и на Блискиот Исток“, рече полскиот министер.
Се очекува договорот за набавка на беспилотните летала да се потпише следната недела, кога во посета на Турција ќе престојува полскиот претседател Анджеј Дуда.
Членката на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО, Полска, првпат купува беспилотни летала од Турција.