Ömer Tuğrul Çam
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, отпатува за Киев, главниот град на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мишел на социјалните мрежи ја потврди оваа претходно ненајавена посета.
„Денеска сум во Киев“, напиша Мишел.
Тој го опиша Киев како „срцето на слободна и демократска Европа“.
Мишел сподели и фотографија на која е пречекан од украинските власти на железничката станица. Се очекува Мишел да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, исто така, го посетија Киев на 8 април.