Ekip
25 Јули 2017•Ажурирај: 26 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Швајцарската полиција соопшти дека човекот што вчера повреди пет лица со моторна пила, сѐ уште е на слобода, и во тек е масовна потрага по него, во пограничниот регион меѓу Швајцарија и Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Швајцарските медиуми известија дека сѐ уште трае потрагата по 51-годишниот осомничен Франц Врусисом, кој им нанесе тешки повреди на двајца вработени во здравственото осигурување, во нивната канцеларија во Шафхаузен, а потоа и да побегна. Подоцна повредил уште три лица, но полесно.
Властите објавија дека осомничениот од претходно има две пресуди за кривични дела за поседување оружје и немa постојан престој.
Во последните неколку недели, тој често бил гледан во шумите околу Шафхаузен. Полицијата со хеликоптери и со кучиња трагачи го пребарува целиот регион.