Ekipa
23 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарските власти под истрага ставија три лица кои се гонат за нелегално земање податоци од најмалку 133.600 кредитни картички преку компјутерски програми, јавува Anadolu Agency (AA).
Од главната Канцеларија на швајцарскиот обвинител денес е соопштено дека тројанец со години земал податоци и така материјално животно се обезбедил. Обвинетите земале податоци преку сајбер-напади, со користење на и-мејл адреси, интернет страници и текстуални пораки.
Оштетените, како што е истакнато, се сопственици на кредитни картички ширум светот.
На овој случај, се наведува во соопштението, швајцарските власти работат од 2009 година, додека обвинетите биле уапсени дури во 2014 и 2015 година во Бангкок.
Тие неодамна од Тајланд се испорачани во Швајцарија каде што се наоѓаат во притвор. Властите тврдат дека ова е прв случај од овој вид на глобален карактер.