Davit Kachkachishvili
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
БУЧА (АА) - Во Буча, град во Украина, против која Русија започна војна, ексхумирани се тела на осум цивили од втора масовна гробница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Телата, за кои се верува дека припаѓаат на цивили убиени од руските војници додека областа беше под руска опсада, се испратени на идентификација.
Започна ексхумацијата на телата од втората масовна гробница, лоцирана во непосредна близина на првата гробница, која беше отворена пред четири дена во дворот на Црквата „Св. Андрија“.

Обвинителот на Буча, Руслан Кравченко, изјави дека само од првата гробница биле ексхумирани 57 тела.
Тој додаде дека било откриено дека цивилите биле застрелани.
„Овие луѓе беа убиени за време на евакуацијата“, рече Кравченко.

Од втората гробница, која е отворена денеска, извадени се 8 тела, а ексхумацијата сѐ уште трае.
Повеќето од телата ископани од масовните гробници во Буча имаат траги од олово на задниот дел од главата, колената и другите делови од телото.
Руските сили се повлекоа од Буча на почетокот на април, а снимките од погубените цивили и масовните гробници предизвикаа голем број реакции кај меѓународната заедница.
