Atila Altuntaş
13 Мај 2022•Ажурирај: 14 Мај 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Во извештајот за безбедносна анализа подготвен од страна на партиите во Парламентот на Шведска се наведува дека членството во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Шведска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Извештајот е подготвен од страна на осум партии кои се претставени во Парламентот на Шведска.
Во извештајот се нагласува дека можното членство на Шведска во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на земјата.
Министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линд, по презентацијата на извештајот одржа прес-конференција на која рече дека доколку стане членка на НАТО, Шведска ќе биде дел од колективната безбедност на НАТО.
Подготвениот извештај ќе биде важна основа за 16 мај, понеделник, кога Владата на Шведска ќе ја објави својата одлука во врска со НАТО.