Atila Altuntaş
21 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Шведскиот министер за култура и демократија Алис Бах Кунке рече дека до шведската Влада испратил предлог старосната граница за право на глас во земјава да се намали од 18 на 16 години, јавува Anadolu Agency (АА).
Kунке во интервју со новинарот на АА зборуваше за напорите за намалување на старосната граница за гласање во оваа земја, како и проблемот со расизмот и насилството во сопствената земја. Таа рече дека предлогот за намалување на старосната граница за право на глас е подготвен од страна на Комисијата за демократија, која работи во склоп на шведското министерство.
"Предлогот за намалување на старосната граница за право на глас од 18 на 16 години е подготвен од страна на Комисијата за демократија, која работи во рамките на шведското министерство. Тој беше доставен до Владата, и доколку биде прифатен, на локалните избори во 2018 година ќе бидат во можност да гласаат сите жители над 16 години", рече Kунке.
Таа зборуваше за проблемот со расизмот во Шведска, откако минатата година, недалеку од Гетеборг дојде до "расистички напад", во кој загинаа наставник и ученик. Според неа, Владата оваа година за борба против расизмот и екстремното насилство планира буџет од пет милиони шведски круни.
"Во изминатиот период, јакнењето на екстремната десница ја зајакнува присутноста на расизмот. Покренавме сеопфатна борба против расизмот. Сите жители на Шведска треба да се почитуваат едни со други и да живеат во толеранција и да ги почитуваат различните мислења на другите", рече Kунке.