Necva Taştan
23 Септември 2023•Ажурирај: 24 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Министрите за надворешни работи на Туркије, Иран и Русија одржаа трилатерална средба во Њујорк во рамките на платформата Астана за решавање на кризата во Сирија, во која владее војна, известува Анадолу.
Министерството за надворешни работи на Туркије на социјалната мрежа Х објави дека шефот на турската дипломатија Хакан Фидан продолжил со спроведувањето средби на маргините на 78. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Објавена е и фотографија на министерот Фидан со рускиот колега Сергеј Лавров и нивниот ирански колега Хусеин Емир Абдулахијан.
Паралелно со овие контакти, министерот Фидан во Турскиот културен центар „Туркеви“ во Њујорк се состана и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан Ал Сауд.