Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
10 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АНКАРА
Шефот на дипломатијата на Азербејџан, Џејхун Бајрамов денес ќе допатува во работна посета на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Оваа посета на Турција ќе биде прва посета на министерот Бајрамов во странство, откако стапи на должноста Министер за надворешни работи“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Турција.
За време на посетата ќе се разговара за билатералните односи, но и за регионалните прашања.