Serdar Bıtmez,Çağrı Koşak
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
ДОХА
Министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани, во врска со економската блокада спроведена против Катар истакна дека нема победник во кризата на Заливот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ал Тани преку видео-конференција учествуваше на Глобалниот безбедносен форум 2020 одржан во Њујорк, во чии рамки говореше за кризата на Заливот.
Тој се осврна на економската блокада која се спроведува на Заливот против Катар, и рече: „Сите обвинувања и тврдења кои се покажуваат како причина за спроведување блокада против Катар се лажливи и без основа“.
Според него, од самиот почеток на кризата тие биле отворени за дијалог.
„Нема победник во кризата на Заливот. Резултатот е поголема нестабилност во регионот“, рече тој.