Zeynep Tüfekçi
13 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поранешниот шеф на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад, Тамир Пардo, во 2014 година, кога бил на оваа функција, тајно ја посетил Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на израелската телевизија „Канал 13“ врз основа на изјавите на анонимен дипломат од Западот, Пардо, кој во период од 2011 до 2016 година ја вршел функцијата шеф на Мосад, во 2014 година реализирал тајна посета на главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Посетата била реализирана на почетокот на 2014 година, извесно време по новозапочнатите нуклеарни преговори меѓу Израел и меѓународните сили. Се вели дека Саудијците биле загрижени од зближувањето на САД и Иран, и дека Израел го сметаат за најсилен поддржувач против Иран, и како резултат на тоа за прв пат прифатиле да гостува еден висок израелски претставник.
Меѓу другото, во веста се истакнува дека, исто така, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во септември 2014 година, со саудискиот принц Бендер бин Султан, кој во тој период бил претседател на Советот за национална безбедност на Саудиска Арабија, се сретнал во друга земја.
Израелските и саудиските власти не дадоа изјави во врска со посетата за која станува збор.