Rıyaz Khalıq
13 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Јапонија започна со испитувањa во нуклеарната централа во Фукушима, која беше погодена во земјотресот и цунамито што ја зафатија истоимената префектура во март 2011 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Научниците од енерегетскиот гигант ТЕПКО, кои ја снабдија со електрична енергија оштетената нуклеарна централа Фукушима, го започнаа испитувањето денес“, објави дневниот весник „Маиничи“ („The Mainichi“).
Со испитувањето ќе се обиде да се направи првиот контакт со остатоците од нуклеарното гориво во вториот реактор од нуклеарната станица.
Земјотресот и цунамито во 2011 година предизвикаа фузија на трите нуклеарни реактори, откако нивните системи за ладење престанаа да работат.
Јапонската влада и ТЕПКО минатата година одлучија да го извлечат одлиеното нуклеарно гориво од првиот реактор на Фукушима.
Стотици жители од околното подрачје мораа да ги напуштат своите домови, бидејќи оштетените реактори испуштаа големо количество радиоактивни материјали во воздухот.
„Преку опремата за испитување [на остатоците], со користење на далечински управуван уред, ќе се направи обид да се подигнат остатоците и да се провери нивниот статус во долниот дел на реакторот“, истакнува весникот „Маиничи“.
Се истакнува дека уредот има два долги „прсти“ со должина од 3 сантиметри, кои можат да држат објект со тежина до 2 килограми, за кои има прицврстена камера долга 30 сантиметри.
„Опремата е ставена во реакторот преку цевка која може да се прошири од 11 метри до 15 метри во должина. Остатоците ќе останат во реакторот во текот на тестирањето“, јавува „Маиничи“.