Шефот на НАТО и европските лидери ќе разговараат за потенцијалниот прекин на огнот во Украина
Се очекува разговорите да се фокусираат на идните безбедносни гаранции за Украина и потенцијалното присуство на европските мировни трупи во земјата
АТИНА (АА) - Шефот на НАТО и бројни европски лидери ќе разговараат за потенцијален прекин на огнот во Украина, објавија денес полските медиуми, пренесува Анадолу.
Состанокот, кој ќе се одржи следната среда во Брисел, го организира генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а на него ќе учествуваат лидерите на Украина, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Полска, како и шефовите на Европскиот совет и Европската комисија, според јавниот радиодифузен сервис Полското радио.
Се очекува разговорите да се фокусираат на идните безбедносни гаранции за Украина и потенцијалното присуство на европските мировни трупи во земјата, се додава.
Американскиот дневен весник „Волстрит журнал“ вчера објави дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп му предложил на францускиот претседател Емануел Макрон европски трупи да го мониторираат идниот прекин на огнот во Украина.
Истиот ден, полскиот премиер Доналд Туск по состанокот со Макрон во Варшава изјави дека Полска не планира да испрати мировни трупи во Украина по потенцијалниот прекин на огнот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.