06 Јуни 2024•Ажурирај: 07 Јуни 2024
ПАРДУБИЦЕ (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени во железничка несреќа во Пардубице во Чешка, јавува Анадолу.
Несреќата се случила во текот на ноќта кога патнички воз се судрил со товарен.
Екипите на брзата помош, вклучително и полицијата и спасувачките тимови, беа брзо испратени на местото на настанот за да ги евакуираат патниците и да им пружат медицинска помош на повредените.
Властите во моментов спроведуваат истрага за утврдување на причините за несреќата.