Abdullah Aşıran
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ХАГ (АА) - Секоја година во Холандија традиционално се одржува Меѓународниот фестивал на огнометот, на кој оваа година победник е Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата „Шевенинген“ е организатор на Меѓународниот фестивал на огнометот што се одржа на брегот од холандскиот град Хаг и траеше четири дена. Оваа година на фестивалот учествуваа Холандија, Полска, Кина, Франција, Јапонија, Белгија, Португалија и Шпанија.
Жири комисијата на фестивалот првото место ѝ го додели на Шпанија, второпласирана е Белгија, додека Холандија го зазеде третото место. Шпанија е освојувач на првото место и на минатогодишниот натпревар.
Фондацијата издаде соопштение во кое се вели дека Меѓународниот фестивал на огнометот, кој е најголем фестивал во Европа, привлекол голем интерес и на него оваа година присуствувале околу 340.000 лица.
Во натпреварувачкиот дел, екипите на брод вкотвен во Северното Море имаа време од 15 минути, за да ги прикажат своите вештини во подготвувањето огнометот.
Пред презентацијата на огнометот на претставниците на Шпанија, учесниците на фестивалот со едноминутно молчење им одадоа почит на загинатите во терористичкиот напад во Барселона.